Американците одлучија: Укинати се санкциите за сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал Шари. Ден претходно истото го направи и Советот за безбедност на ОН, во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп следната недела.
Според објавата на веб-страницата на американското Министерство за финансии, санкциите се укинати и за сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб, а двајцата се избришани од листата на „специјално означени глобални терористи“, пренесува „Ројтерс“.
И Велика Британија денес ги укина санкциите за сирискиот претседател Ахмад ал Шари и за министерот Хатаб.























