Трамп со гаф пред претседателот на Либерија: „Каде научи англиски?“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно привлече внимание со недолична изјава за време на официјалната средба со либерискиот претседател Џозеф Боакаи во Белата куќа.
Откако Боакаи се обрати на англиски јазик – кој инаку е официјален јазик во Либерија – Трамп го пофали за, како што рече, „одличниот англиски“ и праша:
„Каде научи да зборуваш толку убаво?“
Либерискиот претседател, со насмевка, дипломатски одговорил: „Во Либерија“.
Трамп продолжил со пофалби: „Прекрасен англиски. На оваа маса имам луѓе кои не можат ни приближно толку добро да зборуваат.“
Американските медиуми го пренесоа моментот како уште еден пример за незнаење на Трамп во однос на светските култури и историја. Имено, Либерија е основана во 19. век од поранешни робови од САД и англискиот е службен јазик уште од основањето на државата.