УТРО.мк

Американскиот министер за финансии има решение за крај на војната во Украина – еве што предлага

Американскиот министер за финансии има решение за крај на војната во Украина – еве што предлага
Vero

Конфликтот во Украина би можел да заврши за два до три месеци доколку Европа воведе секундарни тарифи за земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесант.

„Гарантирам дека ако Европа воведе сериозни секундарни тарифи за купувачите на руската нафта, конфликтот ќе заврши за 60 до 90 дена“, изјави Бесант за „Ројтерс“ и „Блумберг“.

Тој истакна дека САД сојузнички соработуваат со европските држави околу нови, построги санкции насочени кон руските компании како „Роснефт“ и „Лукоил“.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно нагласи дека е подготвен за сериозни санкции кон Москва, но само доколку сите членки на НАТО заеднички престанат да купуваат руски енергетски ресурси. Според него, сегашните европски мерки не се доволно остри, бидејќи Русија и натаму профитира од извозот на нафта и гас.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран