УТРО.мк

Американската лотарија за зелена карта доцни: Што се менува годинава

Американската лотарија за зелена карта доцни: Што се менува годинава
Vero

Американскиот Стејт департмент соопшти дека датумите за регистрација за програмата Diversity Visa (DV) 2027, позната како „Грин Кард лотарија“, ќе бидат објавени во наредните месеци. Годинава пријавувањето не започна во вообичаениот термин – почетокот на октомври, што предизвика дилеми и шпекулации меѓу потенцијалните учесници.

Во ноемврискиот Visa Bulletin се наведува дека кандидатите наскоро ќе можат да аплицираат, а сите информации ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на програмата: travel.state.gov. Стејт департментот најавува „одредени промени во процесот на аплицирање“, без да ги наведе сите детали.

Правни експерти шпекулираат дека доцнењето е предизвикано од воведувањето на нова електронска такса од 1 долар при регистрација, со цел да се обезбеди фер распределба на трошоците и да се намали бројот на лажни апликации. Новата такса е објавена во Federal Register на 16 септември 2025 година и веднаш стапи на сила. Очекувањата се дека ќе генерира околу 25 милиони долари годишно.

Покрај најавата за DV-2027, Стејт департментот објави и исправки за резултатите од DV-2026. Техничка грешка привремено вклучи кандидати од Куба и Велика Британија, но ревизијата потврди дека Куба останува неелигибилна, поради висок број имигранти во последните пет години. Во DV-2026 беа избрани вкупно 129.516 кандидати од над 20,8 милиони пријави.

За DV-2027, кандидатите треба да имаат завршено средно образование или најмалку две години работно искуство во занимање кое бара специјализирана обука. Избраните кандидати ќе мора строго да ги следат упатствата и да ја достават потребната документација во пропишаните рокови.

Иако точниот датум за почетокот на пријавите сè уште не е објавен, Стејт департментот предупредува дека сите информации ќе бидат достапни исклучиво преку официјалните канали. Минатите доцнења покажуваат дека вакви ситуации се возможни: во 2017 година апликациите за DV-2019 беа поништени и повторно отворени поради техничка грешка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран