Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.
Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.
Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.



























