УТРО.мк

Одложен настап: Што се случи со Џејла Рамовиќ во Македонија?

Одложен настап: Што се случи со Џејла Рамовиќ во Македонија?
Vero

Популарната босанска пејачка Џејла Рамовиќ синоќа не се појави на закажаниот настап во еден од познатите скопски локали. Организаторите соопштија дека настапот е одложен, а причината, како што се наведува, е последица од инцидентот што се случи на 1. декември во Кичево.

Тогаш, Рамовиќ била задржана од полицијата за време на акциска контрола, откако инспекторите утврдиле дека настапува без соодветни документи за работа. Пејачката потоа истакна дека сите документи биле правилно доставени до организаторот и дека прекинот се случил поради пропуст на организаторот, а не од нејзина страна.

„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот. Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам“, изјави Рамовиќ.

Слична ситуација се случи и со српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци, а низ медиумите кружи и информацијата дека е откажан и концертот на Наташа Беквалац во Штип закажан за 27 декември, поради политички дискусии околу настанот.

Организаторите соопштија дека наскоро ќе објават нов датум за скопскиот настап на Џејла Рамовиќ.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран