
По речиси пет години без директна средба на ниво на шефови на дипломатиите, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се сретнаа во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
Средбата траела околу 20 минути, а според руската страна, иницијативата за разговорот дошла од германската делегација.
Од руското Министерство за надворешни работи беше соопштено дека германската страна побарала средбата да биде одржана со ограничено присуство на медиумите. Според изјавите од Москва, биле поставени и ограничувања во однос на објавувањето материјали од разговорот.
Средбата Лавров-Вадефул е прва директна средба меѓу шефовите на руската и германската дипломатија од јануари 2022 година, во период на сериозно влошени односи меѓу Москва и Берлин.
Двете земји во изминатите години имаат значително различни ставови околу војната во Украина, европската безбедност и односите меѓу Русија и Западот.
Детали за содржината на разговорот засега не се соопштени во целост.















