УТРО.мк

150.000 војници во близина на границата, Полска ја затвори својата граница со една држава

150.000 војници во близина на границата, Полска ја затвори својата граница со една држава
Vero

Полска ја затвори границата со Белорусија поради руско-белоруските вежби

Русија и Белорусија вчера ги започнаа заедничките стратешки воени маневри „Запад-2025“, соопшти руското Министерство за одбрана. Според медиумите, во вежбата учествуваат околу 150.000 војници, што ја натера НАТО алијансата да ја подигне готовноста, бидејќи маневрите се одржуваат во непосредна близина на полската граница. Напнатоста дополнително се зголеми по упадот на руски дронови во полска територија пред три дена.

Како одговор, десет земји членки на НАТО започнаа сопствени вежби, додека Полска и Литванија спроведуваат национални маневри. Полска ја реализира „Iron Defender-25“ со 30.000 војници, а Литванија – „Thunder Strike“, фокусирана на кризни сценарија.

Во оваа атмосфера, Варшава ноќеска ја затвори својата граница со Белорусија, ограничувајќи два патни и три железнички премини. „Овие маневри се насочени против Полска и ЕУ. Границата ќе остане затворена сè додека нема гаранции дека нема да има провокации“, изјави полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кервињски.

Иако Москва апелираше границата да остане отворена, Полска најави дека мерката ќе важи барем до крајот на „Запад-2025“, предвиден за 16 септември. Западните разузнавачки служби, сепак, предупредуваат дека Русија може да ги продолжи маневрите и по тој рок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран