УТРО.мк

ЗОИ 2026: Норвешка води по златни, Италија собира најмногу медали

ЗОИ 2026: Норвешка води по златни, Италија собира најмногу медали
Vero

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина досега донесоа возбудливи моменти на победничкиот подиум. По 13 доделени комплети медали, Норвешка се искачи на врвот со најмногу златни одличја, додека Италија, домаќинот на игрите, доминира по вкупниот број медали, обезбедувајќи си присуство во речиси секоја дисциплина. Досега, 15 различни држави се имаат искачено на подиумот, демонстрирајќи широка меѓународна конкуренција.

На врвот на листата по злато е Норвешка со 3 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали, следена од САД со 2 златни. Италија, покрај импресивното злато, има собрано и 2 сребрени и 6 бронзени одличја, додека Јапонија, Австрија, Германија и неколку други земји исто така бележат силни резултати.

Денес на програмата се четири возбудливи настани: мажи индивидуално во скијачки скокови, сноуборд биг-ершн, брзо лизгање на 1.000 метри за жени и тимската алпска комбинација за мажи. Очекувањата се високи, а медалите можат дополнително да го промени пласманот на најуспешните нации.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран