УТРО.мк

Милијана Релиќ со бронза во Австрија – чекор поблиску до светските топ 10

Милијана Релиќ со бронза во Австрија – чекор поблиску до светските топ 10
Vero

Македонската таеквондистка Милијана Релиќ продолжува да реди успеси на меѓународната сцена, овојпат освојувајќи бронзен медал на престижниот Австрија Г-1 Опен во Инсбрук. Со ова настапување, таа уште еднаш ја потврди својата извонредна форма и упорност, покажувајќи дека спаѓа меѓу најдобрите во категоријата до 62 килограми.

Релиќ стартуваше со убедливи победи: прво ја совлада сенегалската репрезентативка, Фатима Менди, со две рунди од по 5:0, а потоа и украинката Марија Леонова, исто така со 2:0. Највозбудливиот момент за македонската таеквондистка дојде во третото коло, каде во драматична и исцрпувачка борба го совлада хрватската претставничка Хелена Кичема со тесни 2:1 рунди, обезбедувајќи си го местото на подиумот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран