УТРО.мк

Кадилак официјално влегува во Формула 1: Болидот претставен на Тајмс Сквер пред Супербоул

Кадилак официјално влегува во Формула 1: Болидот претставен на Тајмс Сквер пред Супербоул
Vero

Се подготвува нова американска сила во Формула 1: Кадилак официјално го најави својот дебитантски настап, откривајќи го болидот со кој ќе се вклучи во најбрзиот циркус на светот. Презентацијата се одржа на спектакуларен начин на Тајмс Сквер во Њујорк, во ноќта помеѓу 8 и 9 февруари, пред илјадници фанови и милионска телевизиска публика.

Новата „ѕвезда“ на Формула 1 плени со елегантен, минималистички дизајн – пригушено сребро комбинирано со црна боја, симболизирајќи амбицијата на брендот да се натпреварува на највисоко ниво. Кадилак нема да биде само уште еден учесник: тимот веќе го објави возачкиот состав, кој го чинат искусниот Финец Валтери Ботас и талентираниот Мексиканец Серхио Перез, кои потпишаа повеќегодишни договори. Дополнителна тежина на проектот му дава партнерството со Ферари како снабдувач на мотори, што јасно испраќа порака за сериозни натпреварувачки амбиции.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран