УТРО.мк

Триумф на Норис во Сао Паоло: Антонели втор, Верстапен трет

Триумф на Норис во Сао Паоло: Антонели втор, Верстапен трет
Vero

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои Големата награда на Бразил со доминантен викенд во Сао Паоло. Тој славеше во спринтот, ја освои пол-позицијата и потоа рутински ја доби главната трка, со што ја зголеми предноста на врвот во шампионатот.

На второто место заврши Андреа Кими Антонели од Мерцедес, кој успеа да го одбрани местото од актуелниот светски шампион Макс Верстапен. Возачот на Ред Бул мораше да се задоволи со третата позиција, и покрај тоа што се пробиваше низ поредокот и имаше дополнителни проблеми со пукната гума во текот на трката.

Четврти беше Џорџ Расел во другиот Мерцедес, а Оскар Пјастри ја заокружи првата петорка.

По оваа трка, Норис води во генералниот пласман со 390 бодови, 24 повеќе од својот клупски колега Пјастри, додека Верстапен останува трет со 341 бод.

Следната трка од шампионатот се вози во Лас Вегас од 20 до 22 ноември.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран