
Светското првенство во фудбал 2026 ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико и за првпат ќе учествуваат рекордни 48 репрезентации. Финалето ќе се игра во Њујорк/Њу Џерси, а турнирот носи нов формат со повеќе натпревари и воведување на рунда од 32 најдобри селекции.
Ова ќе биде прв Мундијал организиран од три земји и ќе се игра на 16 стадиони: 11 во САД, три во Мексико и два во Канада. Мексико ќе го отвори турнирот на 11 јуни на легендарниот „Естадио Ацтека“, стадион кој веќе има историја со две финалиња на Светско првенство.
Новиот формат предвидува 12 групи, при што понатаму ќе одат двете најдобри селекции од секоја група, како и осумте најдобри третопласирани репрезентации, по што се формира нова елиминациска фаза пред осминафиналето.
Актуелниот светски шампион Аргентина ќе ја брани титулата, додека Франција, Бразил, Англија, Шпанија, Португалија и Германија се меѓу главните фаворити за трофејот. Турнирот веќе ги донесе и првите квалификувани селекции, меѓу кои Јапонија, додека последното место го обезбеди Ирак преку плејофот.
…















