
Светската фудбалска федерација ФИФА продолжува со скандалозните одлуки во корист на фудбалската федерација на Аргентина.
Два дена по финалето во кое гаучосите ги покажаа најлошите работи во фудбалот и уште еднаш покажаа дека се лоши губитници доаѓа нова скандалозна одлука од ФИФА.
Леандро Паредес, човекот кој не заслужува да се нарече фудбалер нема да добие дополнителна казна за циркузот што го направи по крајот на финалето.
Откако прво го фати за врат Ерик Гарсија, а потоа го турна на земјата Гави, по што доби црвен картон од Славко Винчиќ, ФИФА одлучи дека нема потреба од дополнителна санкција за Аргентинецот.

















