УТРО.мк

Ристовски ги додели државните награди „8 Септември“ за остварувања во спортот

Ристовски ги додели државните награди „8 Септември“ за остварувања во спортот
Vero

Во Собранието на Република Македонија денеска се одржа свечена церемонија на која министерот за спорт Борко Ристовски ги врачи државните награди „8 Септември“ за особени остварувања во областа на спортот.

Наградата за животно дело ја доби проф. д-р Јошко Миленкоски – истакнат одбојкар, универзитетски професор, долгогодишен тренер и актуелен селектор на македонската одбојкарска репрезентација. Тој беше признат за својот исклучителен придонес во развојот, афирмацијата и промоцијата на македонскиот спорт на меѓународен план.

Државната еднократна награда „8 Септември“ за остварувања во спортот им беше доделена на Хамид Бакија, Зоран Николовски, прим. д-р Виктор Тевчев и Кирил Манев.

„Со овие признанија ја изразуваме благодарноста на државата кон личности кои со својот труд, знаење и посветеност оставиле трајна трага во развојот и афирмацијата на македонскиот спорт“, изјави министерот Ристовски, честитајќи им на добитниците.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран