
Со натпреварите од шеснаесетфиналето започнува елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал 2026. По возбудливата групна фаза, Мундијалот влегува во делот во кој повеќе нема простор за поправен испит – секој пораз значи крај на настапот.
Пред фудбалските љубители се 16 натпревари кои ќе ги дадат патниците во осминафиналето, а неколку дуели уште сега привлекуваат големо внимание.
Најголемото дерби на хартија е пресметката меѓу Португалија и Хрватска, додека распоредот донесе уште две интересни европски соочувања – Франција против Шведска и Шпанија против Австрија.
Големо внимание се очекува и за натпреварите Бразил – Јапонија, Холандија – Мароко, САД – Босна и Херцеговина, како и Брегот на Слоновата Коска – Норвешка.
Пауза нема, бидејќи првиот натпревар од нокаут фазата се игра уште денеска во 21:00 часот, кога ќе се сретнат Канада и Јужна Африка.
Распоред на натпреварите од шеснаесетфиналето:
Понеделник, 29 јуни
Бразил – Јапонија, 19:00 часот
Германија – Парагвај, 22:30 часот
Вторник, 30 јуни
Холандија – Мароко, 03:00 часот
Брегот на Слоновата Коска – Норвешка, 19:00 часот
Франција – Шведска, 23:00 часот
Среда, 1 јули
Мексико – Еквадор, 03:00 часот
Англија – Конго, 18:00 часот
Белгија – Сенегал, 22:00 часот
Четврток, 2 јули
САД – Босна и Херцеговина, 02:00 часот
Шпанија – Австрија, 21:00 часот
Петок, 3 јули
Португалија – Хрватска, 01:00 часот
Швајцарија – Алжир, 05:00 часот
Австралија – Египет, 20:00 часот
Сабота, 4 јули
Аргентина – Зелено’ртски Острови, 00:00 часот
Колумбија – Гана, 03:30 часот
Со ова започнува највозбудливиот дел од Светското првенство, во кој секој натпревар носи огромен притисок, драматика и можност за нови фудбалски изненадувања.















