УТРО.мк

Питлик: Македонија доаѓа без страв и со голема мотивација

Питлик: Македонија доаѓа без страв и со голема мотивација
Vero

Данскиот репрезентативец Симон Питлик изрази задоволство што Европското првенство започнува пред домашната публика во Хернинг, но во исто време испрати и јасна порака дека натпреварот против Македонија нема да биде лесен.

Говорејќи за настапот во салата „Јиске Банк Боксен“, Питлик нагласи дека поддршката од трибините секогаш претставува силен поттик за данската селекција. Според него, играњето пред своја публика носи дополнителна енергија и мотив за добар старт на турнирот.

„Убаво е да се биде повторно дома и да се игра пред нашите навивачи. Секогаш ни даваат огромна поддршка и очекуваме таа да се почувствува уште од првиот натпревар“, истакна данскиот бек.

Осврнувајќи се на македонската репрезентација, Питлик ја опиша како млад, но квалитетен тим, кој нема што да загуби и затоа ќе настапи храбро и борбено. Тој потенцираше дека македонските ракометари ќе се обидат да создадат притисок и да ја искористат секоја можност на теренот.

„Македонија има многу добри играчи и ќе влезе максимално мотивирано. Тие ќе дадат сè што имаат за да одиграат добар натпревар и да ни направат проблеми. Очекувам тежок дуел и мора да бидеме на високо ниво од самиот почеток“, порача Питлик.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран