
Плејофот во НБА започна со возбудливи натпревари, а во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ, кој со нов трипл-дабл го предводеше својот тим до победа и ја продолжи победничката серија на Денвер Нагетс.
Денвер славеше со 116-105 против Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од серијата, а Јокиќ уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдоминантните играчи во лигата. Српскиот центар натпреварот го заврши со 25 поени, 13 скокови и 11 асистенции, контролирајќи го темпото и играта во клучните моменти.
Нагетси имаа тежок старт и во еден момент заостануваа со двоцифрена разлика, но успеаја да се вратат до полувремето и во вториот дел целосно да го преземат натпреварот. Џамал Мареј одигра одличен меч со 30 поени, додека Арон Гордон додаде 17, што беше клучно за комплетирање на пресвртот.
Минесота се обиде да се врати во завршницата, но Денвер ја задржа контролата, особено преку прецизноста од линијата за слободни фрлања, каде направи голема разлика.
Оваа победа е продолжение на одличната форма на Денвер, кој влезе во плејофот со серија од 13 победи по ред, што дополнително ја засилува нивната кандидатура за висок пласман оваа сезона.
Во друг натпревар од плејофот, Лос Анџелес Лејкерс успеаја да дојдат до важна победа и покрај тоа што настапија без една од своите најголеми ѕвезди, Лука Дончиќ. Тимот покажа карактер и ширина во ростерот, со колективна игра и неколку расположени поединци кои го надоместија неговото отсуство.























