УТРО.мк

Македонскиот Престон Лајонс приреди сензација: Го елиминира актуелниот освојувач на Купот на Австралија

Македонскиот Престон Лајонс приреди сензација: Го елиминира актуелниот освојувач на Купот на Австралија
Vero

Престон Лајонс, еден од најпознатите клубови на македонската дијаспора во Австралија, приреди голема сензација во шеснаесетфиналето на Купот на Австралија, откако со пресврт го совлада актуелниот освојувач на трофејот Њукасл Џетс со 3:2.

Натпреварот започна одлично за фаворитот, кој поведе со 2:0 преку Вил Добсон во 17. минута и Никос Вергос во 23. минута. Сепак, Престон Лајонс не се предаде и во второто полувреме направи спектакуларен пресврт.

Аргентинецот Науел Бонада со два гола во 55. и 62. минута го израмни резултатот на 2:2, а големата победа ја донесе Даниел Лазаревски со погодок во втората минута од судиското продолжение.

Натпреварот се одигра пред исполнетите трибини на стадионот „Генис Стил“, домот на Престон Лајонс, каде навивачите имаа причина за големо славје по елиминацијата на еден од главните фаворити за трофејот.

Со оваа победа, Престон Лајонс обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Австралија, каде ќе го дознае следниот противник по ждрепката.

Инаку, клубот минатата година престојуваше во Македонија, каде одигра пријателски натпревари против Вардар и Пелистер.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin