УТРО.мк

Финале на Купот на Македонија: Силекс вечерва ќе се соочи со Шкендија

Финале на Купот на Македонија: Силекс вечерва ќе се соочи со Шкендија
Vero

Вечерва во Скопје, на Националната арена „Тодор Проески“, ќе се одлучува новиот освојувач на македонскиот фудбалски Куп во неговото 34-то издание, а за трофејот ќе се соочат Силекс и Шкендија.

Финалниот дуел носи и дополнителна тежина, особено за кратовскиот состав кој преку куп-успехот ја гледа шансата за излез на европската сцена. Капитенот на Силекс, Дарко Анѓелески, истакнува дека тимот е целосно фокусиран и подготвен да го даде максимумот во најважниот натпревар од сезоната. Според него, клучот ќе биде тимската игра и дисциплината, а надежта е дека на крајот токму нивниот клуб ќе го крене пехарот.

Силекс влегува во своето шесто куп-финале со амбиција да стигне до четврта титула во ова натпреварување. Клубот веќе има богата историја во Купот, со освоени трофеи во 90-тите години, како и последниот триумф во 2021 година, кога по изведување пенали беше подобар од АП Брера.

Од другата страна, Шкендија повторно е во позиција да се бори за трофеј, иако оваа сезона не успеа да стигне до шампионската круна во првенството. Тетовскиот клуб има едно финале помалку од противникот, но и сериозни амбиции да ја збогати својата колекција на трофеи. Поради отсуството на повредениот Бесарт Ибраими, капитенската лента ќе ја носи Арбин Зејнулаи, кој верува дека тимот ако го прикаже својот максимум може да стигне до победа.

Шкендија досега има два освоени Куп-трофеи, во 2016 и 2018 година, додека во финалето во 2020 година беше поразена од Македонија Ѓорче Петров.

Натпреварот започнува во 20 часот, а актуелниот бранител на трофејот е Вардар, кој останува најуспешен клуб во историјата на натпреварувањето со шест освоени купови.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран