Младиот дефанзивец на Арсими, Џезаир Авдули, донесе важна одлука за својата кариера – наместо да ја прифати понудата да настапува за Албанија, тој избра да го носи дресот на младата репрезентација на Македонија.
Иако имаше можност да тргне по патот на некои свои претходници кои одлучија да играат за Албанија, Авдули реши да ја претставува земјата во која е роден и во која ги направи првите фудбалски чекори.
Селекторот на Македонија U21, Горан Станиќ, го вклучи Авдули на списокот за првиот квалификациски прозорец за Европското првенство. Македонија на 5 септември ќе гостува во Краков против Полска, а четири дена подоцна ќе ја пречека Италија во Битола.
За Авдули, ова е исполнување на сонот – да чекори напред во кариерата под боите на Македонија.