Денот на големиот натпревар конечно пристигна!
Велс – Македонија
Почеток: 20:45 часот
Вечерва не очекува последниот натпревар од овој квалификациски циклус – дуел што може да ја одреди нашата патека кон Мундијалот. Со победа или реми обезбедуваме плејоф преку групата и место во третиот пот. Пораз би значел плејоф преку Лигата на нации и пад во четвртиот пот.
Голема шанса да го заокружиме силниот и стабилен настап во овие квалификации. Напред Македонија!























