УТРО.мк

Битола станува центар на македонската атлетика – АК Олимп потпиша со 15 репрезентативци!

Битола станува центар на македонската атлетика – АК Олимп потпиша со 15 репрезентативци!
Vero

Атлетскиот клуб АК Олимп направи историски потег и официјално го доведе скоро целото македонско атлетско репрезентативно јадро во своите редови, потпишувајќи договори со 15 врвни атлетичари. Ова го поставува клубот и градот Битола како новиот центар на атлетскиот спорт во земјата.


Меѓу новите членови на АК Олимп се десетина македонски репрезентативци и перспективни спортисти, кои ќе настапуваат под знамето на клубот во најважните натпреварувања. Тие се:


Адријана Поп Арсова
Ирма Хајдари
Марина Домазетовска
Ана Шикоска
Димитар Петровски
Леонид Вандевски
Бојан Чаприќ
Григоријан Никовски
Максим Пауер
Никола Десковски
Блаже Игњатовски
Андреј Андовски
Игор Стојановски
Насе Епов
Матеа Матеска
Теа Божиновска


Овој силен тим ги обединува искуството, талентот и меѓународните настапи, што најавува нови високи дострели и медали за клубот и земјата.


АК Олимп е еден од најстарите и најпрепознатливите атлетски клубови во Македонија, работи континуирано од 1960 година и има богата историја на трофеи и резултати на републички и сојузни првенства.


Претседателот на клубот, Никола Димитровски, истакна дека оваа стратегија е дел од долгорочната визија за развој, а не само еднократен трансфер. Тој напомена дека со силната поставеност на репрезентативци и таленти, АК Олимп сака да гради нова ера на успехи во македонската атлетика.

Поддршка од градот
Проектот доби силна поддршка и од локалните власти. Градоначалникот Тони Коњановски најави дека Битола ќе продолжи да инвестира во спортската инфраструктура, вклучувајќи изградба на тартан патека на градскиот стадион, што дополнително ќе ја поттикне атлетската сцена во градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран
Dobivka od 1 Milion
Green Machines

Најнови вести

Mega Milioner
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija