
Авионот на авиокомпанијата Wizz Air кој утрово полета од Скопје кон Париз (аеродром Бове) прогласил вонредна состојба и итно слета на аеродромот Шарлоа во близина на Брисел, откако на еден од патниците му се слошило за време на летот. Како што раскажуваат патници.
Патникот се пожалил на проблеми со срцето додека авионот се наоѓал во воздушниот простор над Луксембург, на околу половина час пред предвиденото слетување. Пилотите побарале итно слетување на најблискиот аеродром со цел патникот да добие лекарска помош, по што авионот безбедно слетал во Шарлоа.
Станува збор за редовна процедура која се применува кога екипажот ќе процени дека станува збор за медицинска состојба опасна по живот со која не можат целосно да се справат членовите на кабинскиот екипаж, иако се обучени за укажување итна помош.























