УТРО.мк

Падна договор помеѓу Владата и УПОЗ: 11.000 административци до 2028 ќе добијат плати повисоки за 40%

Падна договор помеѓу Владата и УПОЗ: 11.000 административци до 2028 ќе добијат плати повисоки за 40%
Vero

Владата и Синдикатот на работниците во администрацијата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) постигнаа договор за зголемување на платите на административните службеници за приближно 40 проценти до 2028 година.


На средбата, премиерот ја презентираше методологијата под која Владата е подготвена да се реализира растот на платите. Според предлогот, платите ќе се зголемуваат постепено во текот на следните три години, со почеток во март и исплата на првите зголемувања што ќе се примат со априлската плата. По целосно усогласување и прифаќање од страна на сите синдикални организации во рамките на УПОЗ, ќе следи формализирање и потпишување на колективните договори.


Според синдикалните процени, договорот би опфатил околу 11.000 административни работници во јавната управа и правосудството. Ова е дел од долгорочните напори за подобрување на условите за работа и зголемување на примањата во делот на државната администрација, која долго време беше меѓу најниско платените сектори.


Извесно е дека пред конечно потпишување договорот треба да биде одобрен и усвоен од членовите на синдикатот, а потоа и формално донесен согласно процедурите за колективно договарање.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран
Dobivka od 1 Milion
Green Machines

Најнови вести

Mega Milioner
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija