
Полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 38-годишен маж од Струмица, кој е осомничен дека со серија измами преку телефонски повици успеал да „ќари“ над 15.000 евра и 50 швајцарски франци од повозрасни лица, потврдуваат од СВР Струмица.
Покрај признанието на осомничениот, полицијата утврдила дека:
Осомничениот се јавувал на фиксни телефони и се претставувал како лекар
Тврдел дека блиска личност на жртвата била тешко повредена во сообраќајна несреќа
Барал итни пари за операција, кои жртвите му ги предавале на лице што чекало на договорените локации
Во двата завршени случаи биле оштетени 84-годишна и 68-годишна жена, додека во трет случај бил направен обид за измама на 77-годишна жена
ШТО НАЈДЕ ПОЛИЦИЈАТА
При апсењето, полицијата кај осомничениот пронашла:
15.150 евра, 50 швајцарски франци
Поради признавањето на делото во службен разговор, случајот сега ќе биде целосно документиран и ќе следува соодветна кривична пријава, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Струмица.






















