УТРО.мк

Се огласи ПР-от на Даниел Кајмакоски: Миланка Рашиќ во статус на ФБ ги потврди информациите и раскажа детали

Се огласи ПР-от на Даниел Кајмакоски: Миланка Рашиќ во статус на ФБ ги потврди информациите и раскажа детали
Vero

Веста дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград е точна, потврди неговата ПР-претставничка Миланка Рашиќ преку официјален статус на социјалните мрежи.


Според објавените информации, Кајмакоски е добро и се наоѓа дома, откако ноќта ја поминал во полициска станица. Рашиќ наведе дека разговарала со него кратко по настанот.


Што е познато досега:
Киднаперите биле странски државјани
Го врзале Даниел и го однеле во неговиот автомобил
Од него барале 20.000 евра
Се движеле во правец кон Рума
Сообраќајната полиција се обидела да ги запре
Возилото удрило во банкина
Киднаперите излегле и избегале пеш
Полицијата интензивно трага по сторителите
По инцидентот, Кајмакоски бил задржан неколку часа во полициска станица, по што бил пуштен дома.


„Од краткиот разговор со Даниел, можам да кажам дека исклучително смирено и храбро се соочил со ситуацијата“, наведува Рашиќ, додавајќи дека во моментов му е потребен мир и дека нема да дава изјави, во интерес на полициската истрага.


На крајот, ПР-тимот упати благодарност до сите луѓе кои се јавиле и покажале грижа и поддршка по објавувањето на информацијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран