УТРО.мк

Жителка од Аеродром алармира на ноќни трки на булеварот кај Џевахир Скај Сити: Потребни се повеќе камери на „Safe City“

Жителка од Аеродром алармира на ноќни трки на булеварот кај Џевахир Скај Сити: Потребни се повеќе камери на „Safe City“
Vero

Во доцните ноќни часови на потегот меѓу реонот кај комплексот Џевахир Скај Сити и насоката кон Булевар Србија, жителите од тој дел на Скопје сè почесто пријавуваат вознемирувачка слика: улици кои, наместо за нормален сообраќај, се претвораат во импровизирана тркачка патека.

На социјалните мрежи, скопјанката Драгана Костиќ упати јавно предупредување до Министерството за внатрешни работи и надлежните институции, посочувајќи дека речиси секоја вечер по полноќ се забележуваат екстремно брзо возење и организирани „трки“ со автомобили и мотори.

Таа опишува дека возилата се движат со голема брзина и без никаква контрола, создавајќи силна бучава и чувство на несигурност кај жителите од околните згради. Особено загрижувачки, според нејзиниот апел, е тоа што дел од возачите се малолетни лица кои управуваат моќни мотори во доцните ноќни часови.

Во периодот од околу 1 до 5 часот по полноќ, жителите сведочат дека булеварите во тој дел од градот стануваат место на ризично и несовесно возење, наместо урбан простор за безбеден сообраќај.

Костиќ бара институциите да реагираат со конкретни мерки: поставување и активно користење на безбедносни камери на критичните точки, почести ноќни полициски патроли и построги санкции за возачи без регистарски таблички и за оние што го загрозуваат јавниот ред и безбедност.

Во нејзиниот апел се нагласува дека проблемот одамна ја надминал само димензијата на бучава и станува сериозно прашање на безбедност, со јасно предупредување дека без навремена реакција може да дојде до тешки последици.

ОБЈАВАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран