УТРО.мк

Трагедија во Пинтија: 85-годишна жена загина во пожар во куќа

Трагедија во Пинтија: 85-годишна жена загина во пожар во куќа
Vero

85-годишна жена починала во пожар во куќа во Пинтија. Несреќата се случила изминатата ноќ. 

– На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, потврдија од МВР за Скопје Инфо

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во текот на денот ќе биде извршен увид. 

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран