
Три девојки се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 14:20 часот се случила на автопатот Скопје – Велес, на мостот по наплатната станица Наплатна станица Сопот.
Според информациите од МВР, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, излетало од коловозот и се превртело.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачката Л.Ќ., како и сопатничките Е.Ш. (20) и Т.Т. (17), двете од Велес. Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.















