
Грчкото Пан-Македонското здружение бара забрана на термините „македонска заедница“ и „македонски идентитет“ за Македонците
Грчкото Пан-Македонското здружение бара забрана на термините „македонска заедница“ и „македонски идентитет“ за Македонците
Дали ја заборавија „Северна“ прашува грчкото Пан-Македонското здружение кое реагира до владата и опозицијата во државата Викторија, во Австралија поради употребата на терминот „Република Македонија“.
Интервенцијата на Пан-Македонското здружение на Мелбурн и Викторија испрати речиси идентични писма и до премиерката на Викторија, Јасинта Алан, и до лидерот на опозицијата, Џес Вилсон, изразувајќи „сериозна загриженост и негодување“ поради употребата на терминот „Република Македонија“ на настан организиран од „Македонската православна младина на Австралија“ (MOYA) во Мелбурн, на кој присуствуваа пратеници од двете главни политички партии во државата.
Пан-Македонското здружение, кое се опишува себеси како „врховно грчко тело кое ја претставува Македонската заедница во државата од 1952 година“, тврди дека употребата на ова име претставува директно кршење на Преспанскиот договор и е во спротивност со меѓународната правна рамка што исклучиво го признава името „Северна Македонија“.















