УТРО.мк

Уапсени четири лица во Тетово – Полицијата со детали

Уапсени четири лица во Тетово – Полицијата со детали
Vero

Во засилени контроли на тетовската полиција, во изминатите два дена биле лишени од слобода четири лица кои управувале возила без возачка дозвола, информираат од СВР Тетово.

На 26 мај во 16:25 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.(22) од село Мала Речица, кој управувал мопед со велешки регистарски ознаки без положен возачки испит. Мопедот бил одземен, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, околу 16:00 часот во село Порој, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(28) од село Гајре, кој управувал патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола. Возилото било одземено и задржано, а против возачот ќе следува соодветна пријава.

На 27 мај во 00:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“ во Тетово, полицијата го лишила од слобода И.Т.(19) од Тетово, кој управувал „Фолксваген Голф“ без возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.

Само дваесет минути подоцна, односно во 00:50 часот, на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници ја лишиле од слобода В.М.(28) од Тетово, која управувала „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола. И ова возило било одземено, а против лицето ќе следува соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран