УТРО.мк

Започна пријавувањето за конкурсот за студенти на Воената академија

Започна пријавувањето за конкурсот за студенти на Воената академија
Vero

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје го отвори конкурсот за упис на нова генерација студенти и питомци за академската 2026/2027 година, наменет за потребите на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, како и за кадри во областа на управување со кризи и системите за заштита и спасување.

Од Министерство за одбрана истакнуваат дека интересот за военото образование претставува важен дел од процесот на подмладување и зајакнување на офицерскиот кадар. Аплицирањето е отворено за сите млади кои ги исполнуваат предвидените услови и имаат желба да изградат кариера во служба на државата.

Според објавените критериуми, кандидатите треба да бидат државјани на Република Северна Македонија, да имаат завршено четиригодишно средно образование и да не се постари од 21 година во моментот на пријавување. Дополнително, неопходно е да го поминат процесот на психофизичка проценка кој го спроведува надлежна военолекарска комисија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран