УТРО.мк

Втор круг во Скопје: Ѓорѓиевски и Мециновиќ во трка за градоначалник

Втор круг во Скопје: Ѓорѓиевски и Мециновиќ во трка за градоначалник
Vero

Во главниот град ќе се одржи втор круг од локалните избори, каде скопјани ќе го избираат новиот градоначалник меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ. Тие освоија најмногу гласови во првиот круг и ќе се соочат во финалната изборна трка.

Според податоците на Државната изборна комисија, по обработени 99,92% од избирачките места, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 гласачи (39,43%), додека за Мециновиќ 30.659 гласачи (13,20%).

По нив следуваат:

Башким Бакиу од ВРЕДИ со 27.864 гласа (12,00%)

Каја Шукова од СДСМ со 26.714 гласа (11,50%)

Скендер Реџепи од НАИ со 26.062 гласа (12,22%)

Општини во Скопје

Во Аеродром ќе се оди во втор круг, бидејќи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митевски, освои 49,09% од гласовите, а неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Трајановски, доби 20,79%.

Во Бутел, победа уште во првиот круг оствари актуелниот градоначалник Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,96%, пред Исамедин Азизи од НАИ (28,17%).

Во Гази Баба, досегашниот градоначалник Бобан Стефковски (ВМРО-ДПМНЕ) повторно победи со 58,42%, додека кандидатот на СДСМ Влатко Митовски освои 18,00%.

Во Ѓорче Петров, со поддршка од 55,73%, Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ го задржа градоначалничкото место, пред Костадин Ацевски од СДСМ (18,37%).

Во Карпош ќе се одржи втор круг меѓу Сотир Лукровски (ВМРО-ДПМНЕ) со 34,51% и Стевчо Јакимовски (ГРОМ) со 29,40%.

Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг со 57,36% од гласовите, пред Јане Ацевски од Левица (16,81%).

Во Центар, исто така ќе има втор круг — ќе се соочат Горан Герасимовски од СДСМ со 38,21% и Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ со 25,53%.

Во Сарај, победник во првиот круг е Мухамет Елмази од ВРЕДИ со 50,28%, пред Блерант Рамадани од НАИ (47,55%).

Во Чаир, нов градоначалник ќе биде Изет Меџити од ВРЕДИ со освоени 51,82%, додека Бујар Османи од НАИ доби 40,39%.

Во Шуто Оризари, во вториот круг ќе се соочат Курто Дудуш од Унија на Роми (36,57%) и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ (20,69%).

Правила и термини

Градоначалник се избира во првиот круг ако кандидатот добие мнозинство гласови од оние што гласале, при услов да излегла најмалку една третина од запишаните избирачи. Ако овој цензус не се исполни, изборите во таа општина се повторуваат.

Изборот на градоначалници се врши според мнозински модел, а изборот на членови на советите — по пропорционален модел, во еден круг.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран