УТРО.мк

Во Скопје 740 дивоградби за пет години, предничат Центар, Ѓорче и Бутел

Во Скопје 740 дивоградби за пет години, предничат Центар, Ѓорче и Бутел
Vero

Во периодот од 2019 до 2023 година, на територијата на Скопскиот регион се пријавени вкупно 740 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу дивоградби има во општина Центар – 122, по што следуваат Ѓорче Петров со 104, Бутел со 108 и Карпош со 98 пријавени случаи.

Во останатите скопски општини бројките варираат – Аеродром пријавил 95 дивоградби, Кисела Вода 72, а Чаир 47. Спротивно на тоа, општина Сарај, и покрај долгогодишните сомнежи во урбанистички хаос, пријавила 0 дивоградби.

Од вкупно 80 општини низ земјата, во истиот период се пријавени над 3.700 бесправно изградени објекти, најчесто огради, но сѐ почесто и цели објекти.

Сепак, овие бројки се базираат исклучиво на податоци што ги пријавуваат самите локални самоуправи, а реалната состојба на терен веројатно е многу посериозна. Прегледот на сателитски снимки преку Google Maps открива дека нови објекти никнуваат секоја година, често без никаква дозвола, во сите делови од Скопје и земјата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран