Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави планови за ревитализација на Градскиот парк, со цел тој да стане позелен, почист, поурбан и модерен простор за сите граѓани.
„Паркот треба да биде пријатен и релаксирачки, да дава душа и да инспирира. Сакам да создадеме простор каде луѓето ќе се дружат, ќе создаваат нови спомени и ќе уживаат во среќни мигови“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека проектот ќе биде реализиран со активна соработка со граѓаните, нагласувајќи дека „Скопје го правиме заедно, по скопски“. Акцент ќе биде ставен на одржливост, пријатни зелени површини и современи урбани решенија.































