
Утре, 18 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Петровец, Аеродром, Гази Баба, Центар и Зелениково.
Во Петровец, од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат потрошувачите на улицата „Петровец“, на отцепот спроти трафостаницата „Р’жаничино 4“, поради замена на два столба.
Од 08:30 до 15:00 часот, прекин ќе има за дел од корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, од „ЗУР маркет“ до крајот на слепата улица.
Во Гази Баба, од 08:30 до 13:30 часот, без напојување ќе останат потрошувачите на дел од улицата „Методиј Андонов Ченто“ и „Делта Пром“, поради работи во трафостаниците „Синѓелиќ 26“ и „Делта Пром“.
Во Центар, од 09:00 до 14:00 часот, прекинот ќе опфати дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ број 46.
Во општина Зелениково, од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде делот од селото Пакошево кон Зелениково, поради технички зафат во електродистрибутивната мрежа.
Дополнителен прекин во Центар е предвиден од 11:00 до 12:00 часот. Без електрична енергија ќе останат целите згради на улицата „Франклин Рузвелт“ на броевите 50, 52, 62 и 68 и сите деловни објекти на овие адреси, како и дел од улицата „Орце Николов“ на броевите 147А, 147Б и 149 и дел од улицата „Благој Давков“.























