
Утре, 24 ноември 2026 година, планирани се прекини во снабдувањето со електрична енергија во Катланово и во реонот Маџари – Хиподром. Прекините ќе траат шест, односно седум часа.
Во Катланово, општина Петровец, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците на улица 1, поради замена на три столба на електричната мрежа.
Во Маџари – Хиподром, општина Гази Баба, од 08:30 до 14:30 часот прекинот ќе опфати делови од улиците „Благоја Стефковски“, „Разлошка“, „Валандовска“ и „Никола Киров Мајски“, поради работа во две трафостаници.























