
Утре, 24 ноември 2026 година, планирани се прекини во снабдувањето со електрична енергија во Тетово и околината.
Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од тетовската населба Деребој и објектите на патот кон селото Сараќино, зад објектот на „Ема инвест“.
Од 09:45 до 13:45 часот прекини се планирани во дел од селото Селце и во дел од Шемшово, каде што ќе бидат опфатени објектите на патот кон Жилче.























