
Утре, 20 ноември 2026 година, од 06:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат селата Бадар и Кожле во општина Петровец. Поради замена на неисправни изолатори на 10-киловолтен далековод, без напојување ќе останат и викендичките во Блаце Шип, фазанеријата во Тотинци, пумпата за водоводот во Кожле и тунелот Катланово.
Од 08:00 до 14:00 часот струја ќе нема на дел од улицата „Франц Лист“ во реонот Маџари – Хиподром во општина Гази Баба. Во истиот период, прекин е планиран и во дел од индустриската зона Ќојлија во Петровец, кај објектите на „Киппер“, „Кобра панел“ и „Подравка“.
Во општина Сопиште, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од Црвена Прс и месноста Осојница.























