УТРО.мк

Општина Прилеп: Сите основни училишта се обединија во кампањата „Некој те чека дома“

Општина Прилеп: Сите основни училишта се обединија во кампањата „Некој те чека дома“
Vero

„Мамо, тато, ве чекам дома!“ и „Не брзај покрај моето училиште!“ се дел од пораките со кои прилепските основци ќе им се обратат на возачите в петок, 20 ноември. Јавниот настан ќе почне во 11 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

Под мотото „Не брзај. Некој те чека дома!“, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата при Општина Прилеп, во соработка со основните училишта, го организира настанот по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди.

Учениците од сите прилепски основни училишта, заедно со своите наставници, изработија 132 пораки – по една за секој човек што го загубил животот во сообраќајна незгода во Македонија во 2025 година. На плоштадот учениците ќе ги држат пораките во рацете, оддавајќи им почит на загинатите и повикувајќи ги возачите да бидат повнимателни.

Кампањата се одржува од 15 до 22 ноември. Организаторите ги повикуваат возачите да ја намалат брзината, да го остават телефонот додека возат, да го врзат безбедносниот појас и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран