
Утре, 20 ноември 2026 година, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат тетовската населба Циглана, дел од селото Порој и објектите на потегот од станицата за технички преглед кон железничката станица. Во истиот период прекинот ќе ги опфати и објектите на „Нерапласт“, „Млин“, „Златно зрно“, „Микели“ и „Сувафикс“.























