УТРО.мк

Тендерот за Универзална сала поништен

Тендерот за Универзална сала поништен
Vero

Процесот за реконструкција на Универзална сала повторно се одложува, откако Комисијата за жалби ја поништи постапката за избор на изведувач. Министерството за култура и туризам ќе мора да распише нов тендер, кој според најавите ќе биде објавен следната недела, а конечниот изведувач се очекува да биде познат средината на јануари.

Министерот за култура Зоран Љутков изјави дека жалбата се однесувала на единствениот понудувач во постапката, иако според него проблемот не бил суштински. Сепак, одлуката на Комисијата мора да се испочитува.

„Добивме известување дека тендерот не помина поради жалба за изведувачот. Наредната недела повторно ќе го објавиме. Сега постапката ќе трае пократко, бидејќи изработката на тендерската документација одзеде околу дваесет дена, а овојпат нема забелешки. Очекувам до средината на јануари да го имаме изведувачот“, изјави Љутков при посетата на Театар Комедија.

Министерството на 18 октомври соопшти дека е донесена одлука за избор на најповолен понудувач за проектот за реконструкција и ентериер на објектот по принцип „клуч на рака“, но поднесената жалба ја врати постапката на повторно разгледување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран