УТРО.мк

Опасни воздушни струи предизвикаа хаос во авиосообраќајот над Скопје

Опасни воздушни струи предизвикаа хаос во авиосообраќајот над Скопје
Vero

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје вечерва повторно е нарушен поради силни и нестабилни воздушни струи, познати како „wind shear“, опасен метеоролошки феномен кој претставува висок ризик при слетување на авиони.

Според првичните информации, најмалку два лета – од Истанбул и од Венеција – не успеале безбедно да слетаат на скопската писта и биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.

Особено критична била ситуацијата со авионот што пристигнувал од Венеција. Тој повеќе од еден час кружел над Скопје додека екипажот ја следел состојбата на ветерот, по што донел одлука да ја прекине процедурата за приод и да продолжи кон алтернативниот аеродром.

Прекините и одложувањата продолжуваат, а патниците се упатуваат навреме да проверуваат информации од своите авиокомпании за следните термини на полетување и слетување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран