УТРО.мк

Скопска општина нуди бесплатни агрохемиски анализи за почвата на локалните земјоделци

Скопска општина нуди бесплатни агрохемиски анализи за почвата на локалните земјоделци
Vero

Општина Илинден годинава повторно им нуди значајна поддршка на локалните земјоделци преку обезбедување бесплатни агрохемиски анализи на почвата. Во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна, општината објави Јавен повик за сите заинтересирани производители кои сакаат да добијат прецизни информации за состојбата на нивното обработливо земјиште.

„Со овие анализи, земјоделците ќе добијат прецизна слика за состојбата на почвата што ја обработуваат. Така ќе можат навремено и правилно да ја ѓубрат, да ги зголемат приносите и да го подобрат квалитетот на своите производи, а истовремено ќе придонесат за намалување на загадувањето“, изјави градоначалникот Александар Георгиевски.

Овој проект е дел од Стратешкиот план за развој на општината и се реализира континуирано, со намера да се опфатат што е можно повеќе земјоделци и да се обезбедат детални податоци за состојбата на обработливото земјиште на целата територија на Илинден.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран