УТРО.мк

Андреевски меѓу елитата во Мар-а-Лаго: Македонската дијаспора сè поактивна во американската политика

Андреевски меѓу елитата во Мар-а-Лаго: Македонската дијаспора сè поактивна во американската политика
Vero

Американскиот бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски од Чикаго присуствуваше на донаторски настан за кандидатот за Конгрес од Ајова Џо Мичел, кој се одржа во Мар-а-Лаго, резиденцијата на претседателот на САД Доналд Трамп.

Никола Андреевски и Џо Мичел, кандидат за конгрес од Ајова
Никола Андреевски и Џо Мичел, кандидат за конгрес од Ајова

На настанот учествуваа повеќе влијателни политички фигури, меѓу кои и Том Емер, како и Џејсон Смит, претседател на Комитетот за буџет и даночна политика во Претставничкиот дом на САД — тело со значајна улога во креирањето на економските политики.

Од лево кон десно: Никола Андреевски, Toм Емер (Majority Whip) и Драгослав Павловиќ, градоначалник на 

Андреевски, заедно со бизнис лидери од Балканот, остварил средби со американски политичари, при што била нагласена растечката улога на македонската бизнис дијаспора како мост меѓу Македонија и клучните економски и политички центри во САД.

Никола Андреевски и Род Благојевич во Мар-а-Лаго

Ова не е прво учество на Андреевски на ваков тип настани. Во мај 2025 година тој присуствуваше на слична донаторска средба во Мар-а-Лаго, заедно со поранешниот гувернер на Илиноис Род Благојевиќ, што дополнително придонесе за зајакнување на врските меѓу балканско-американските претприемачи и политичките кругови во САД.

Меѓу присутните беше и Ерик Бранстад, син на поранешниот гувернер на Ајова и поранешен амбасадор на САД во Кина, Тери Бранстад, кој имаше значајна улога во претседателската кампања во Ајова.

Настанот уште еднаш ја потврди сè поизразената активност на македонската бизнис заедница во САД, која отвора нови перспективи за инвестиции, економска соработка и посилно меѓународно поврзување на Македонија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран