
Во вторник и среда (31 март и 1 април) во Скопје ќе престојува претседателот на Црна Гора, Н.Е. г. Јаков Милатовиќ, во рамки на официјална посета на Република Северна Македонија.
По тој повод, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебни мерки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје, со цел непречено и безбедно движење на високите државни делегации.























