
Сериозен и чувствителен случај ја вознемири јавноста во Скопје, откако мајка пријавила во полиција дека нејзината 14-годишна ќерка е бремена, по што веднаш била отворена истрага.
Според информациите, случајот бил пријавен во раните утрински часови на 28 март, кога 31-годишната мајка, откако се посомневала, ја однела ќерката на преглед во ГАК при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите потврдиле дека малолетничката е во поодмината бременост.
По прегледот, девојчето признало дека во текот на летото 2025 година доброволно имало полови односи со малолетник со кој било во врска.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Иако според првичните информации станува збор за врска меѓу малолетници, надлежните институции се должни да постапат и да утврдат дали има елементи на кривично дело, со оглед на возраста на инволвираните.






















