
Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со новите градежни работи аеродромот ќе добие дополнителни 4.500 метри квадратни функционален простор, што претставува зголемување од околу 2.500 метри квадратни во однос на постојниот простор.
-Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, кои ќе се чувствуваат попријатно кога слетуваат и полетуваат од охридскиот аеродром. Ова е значајно за развојот на туризмот, бизнисот и поврзаноста на регионот, рече Николоски.
По добивањето на концесијата од страна на ТАВ, аеродромската писта веќе беше проширена и модернизирана, а оваа реконструкција претставува ново ниво на надградба и проширување на целиот објект.























