УТРО.мк

Контроли ширум државата: УЈП откри над 6.400 фирми без фискални уреди

Контроли ширум државата: УЈП откри над 6.400 фирми без фискални уреди
Vero

Управата за јавни приходи започнува широка акција против сивата економија, насочена кон илјадници компании кои работат надвор од законските рамки, без користење фискални апарати и без евидентирање на готовинскиот промет.


Според официјалните податоци, дури 6.451 активен даночен обврзник со вработени врши дејност без фискален систем, иако наплатува во готово. Дополнително загрижува фактот што 3.115 од нив се ДДВ-обврзници, што значи дека станува збор за компании со реална и континуирана деловна активност.


Контролите во првата фаза ќе бидат насочени токму кон овие субјекти, со цел тие итно да се усогласат со законските обврски и да започнат со регистрирање на прометот.
Но, бројките тука не завршуваат. УЈП идентификувала уште 13.966 субјекти без регистрирани фискални уреди, кои ќе бидат предмет на дополнителни теренски проверки и вкрстување на податоци.


Доколку кај овие субјекти се утврди дека вршат дејност без да го пријавуваат прометот и без да плаќаат даноци, освен прекршочни санкции, ќе бидат покренати и кривични постапки.


Од Управата за јавни приходи потсетуваат дека секој што врши промет со готовина е законски обврзан да користи фискален апарат, да го регистрира и да издава фискална сметка за секоја трансакција.


Оваа акција е дел од пошироката стратегија за сузбивање на сивата економија, која според проценките зафаќа значителен дел од економската активност во земјата и директно влијае врз буџетските приходи и јавните услуги.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран